Jaguar Land Rover подготвува револуција со бесконтактни екрани

Jaguar Land Rover се подготвува да направи револуција во автомобилската индустрија со иновативна бесконтактна технологија за екраните на допир

Британската групација Jaguar Land Rover во соработка со Универзитетот во Кембриџ започнува проект за поставување на нови стандарди со цел да се подобри возачкото искуство, а притоа да се намали и ширењето на бактерии и вируси. Системот кој е познат како „predictive touch“ или „предвидлив допир“ користи вештачка интелигенција со цел да ја предвиди намерата на корисникот на екранот на допир, без притоа возачот или патниците да мораат да го допрат екранот.

Од Jaguar Land Rover велат дека лабараториските тестови и патничките проби покажале дека технологијата на предвидлив допир може да го намали трудот и времето на интеракцијата на возачот со екранот на допир до 50 проценти, а притоа се ограничува и проширувањето на бактерии и вируси, нешто што купувачите со сигурност ќе го имаат во предвид во пост Covid-19 ерата.

Технологијата вклучува и gesture tracker кој користи сензори базирани на привидување или на радио фрекфенции за да комбинира контекстуална информација како што е корисничкиот профил, дизајн на интерфејсот и опкружувачките услови со информации достапни за останатите сензори, вклучително и следач на погледот со цел да ја заклучи намерата на корисникот во реално време.

Во слободен превод, при детектирањето на вашите потреби учествуваат неколку сензори. Доволно е од безбедна оддалеченост да го поставите прстот во линија со некоја од функциите на екранот и таа ќе биде избрана. Со сензорите на движење тука се и оние кои го надгледуваат вашиот поглед за користењето на системот да биде посигурен и поточен.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close