Најдобро продавани брендови и модели во март во Европа

JATO Dynamics ги објави податоците за продажбата на нови автомобили во Европа во март

Побарувачката за нови автомобили се намали за 3,6%, а уделот на дизел возила падна на рекордно ниско ниво или само на 31%. JATO Dynamics, исто така, објави дека продажбата на нови патнички автомобили во првиот квартал од годината изнесувала 4,13 милиони единици, што е 3,2 % пониско од нивото во истиот период во 2018 година.

Во исто време, сепак, од агенцијата соопштуваат дека во март, електричните автомобили запишуваат невидено до сега пазарно претставување, каде реализацијата за првпат ја применала границата од 100.000 единици за еден месец.

JATO Dynamics

Најдобро продаван бренд во март бил Volkswagen (-3%, 184.470 единици), а во ТОП 10 влегуваат Renault (-5%, 120.664), Ford (-15%, 115.795), Opel / Vauxhall (-4%, 97.111), BMW (-4%, 92.228), Audi (+ 3%, 91.368), Toyota (-4%, 75.712) и Škoda (0%, 75.511).

Во ТОП 10 на најбараните модели во Европа во март влегуваат VW Golf (-14%, 46.364), Renault Clio (+ 7%, 39.744), VW Polo (-2%, 31.613), Opel Corsa (+ 14%, 30.927), Ford Fiesta (-24%, 30.272), Ford Focus (+ 6%, 29.521), Nissan Qashqai (-16%, 29.365), Renault Captur (+ 4%, 27.675) , Peugeot 208 (-9%, 26.328) и Toyota Yaris (+ 6%, 25.779).

Покрај горе наведените листата ја дополнуваат моделите, VW T-ROC (+ 74%), Dacia Duster (+ 44%), Mercedes A-Class (+ 38%). Најголем пораст до сега се појави кај моделот на Volvo – XC40 кој има неверојатни + 209%.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close