fbpx

Jeep дефинитино лансира нов компактен кросовер

Американските креатори од Jeep, која е дел од Fiat Chrysler Automobiles, потврдија дека ќе покажат нов компактен кросовер на почетокот на јуни

Според извори од компанијата, моделот ќе добие шасија на италијанскиот хечбек Fiat 500. Во моментов приоритетни за Jeep се големите теренци како Grand Commander и Grand Wagoneer, но сепак Американците подготвуваат и нов модел од основно ниво. Претходно, таквите информации се ширеа во форма на гласини, но сега тоа беше потврдено од страна на Мајк Менли, главен извршен директор на Jeep.

Шефот на компанијата потенцира дека кросоверот ќе биде прикажан во јуни, но не даде детали дали тоа ќе биде прототип или сериски модел. Автомобилот ќе ја добие истата платформа на која се засноваат Fiat 500 и Fiat Panda. Се очекува дека кросоверот нема да биде достапен за американските дилери, бидејќи е ориентиран кон продажбата во Европа и ќе се произведува во италијанската фабрика на Fiat.

Во моделската гана на брендот, тој ќе биде поставен под Jeep Renegade.

Jeep

Поврзани вести

Back to top button