ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

JLR инвестира 13,5 милијарди фунти во развој на електромобили

Првиот електромобил на брендот SUV изведбата I-Pace е веќе на пазарот, но Jaguar Land Rover нема намера да запре тука на ова поле, па најавува амбициозна програма за развој на својата палета на електрифицирани модели, за да се надмине „зависноста“ од дизелите

Инвестициите за развој на електрифицирани палета ќе достигнат за три години до 13,5 милијарди британски фунти, што е скок за 25% во споредба со инвестициите од 10,7 милијарди фунти за претходниот тригодишен период. Така JLR се надева дека до крајот на овој период ќе понуди електрифицирани варијанти на сите нејзини модели.

Зголеменото ниво на инвестициите се наметнува, независно од тоа што продажбата и профитот на автопроизводителот „не се зголемија колку што беше планирано“ поради повеќе објективни причини кои владееја на пазарот.

JLR

JLR ги зголемува трошоците за развој, бидејќи планира да пушти до 2025 по три верзии на сите модели – со класичен мотор, целосно електричен и хибриден. Целосно електрични модели ќе бидат достапни на пазарот кога ќе се процени дека имаат доволен интерес на клиентите. За оваа цел, фабриките на компанијата во Вест Мидленд и Хејлвуд ќе бидат надградени за производство на моделите со новите електрични и хибридни мотори.

Дизел моделите кои имаа околу 90% од продажбата на компанијата во Велика Британија и ЕУ во последниот квартал на минатата година, не беа добра база во идеите на компанијата, па затоа размислувањата се во поинаква насока, а резултатите од оствареното оваа и падот на ова поле од 21% говори за многу нешта.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close