fbpx

JP Performance и Prior Design подготвуваат брутален Golf GTI

Тјунерските компании JP Performance и Prior Design се здружуваат, заедно со независниот дизајнер Кизил Салим, за да го реализираат неговиот проект

Станува збор за втората генерација на Volkswagen Golf GTI која својот живот го започна во форма на рендер од страна на дизајнерот Кизил Салим, а ќе стане реалност благодарение на JP Performance и Prior Design тјунерските куќи. Автомобилот на рендерите има широк body kit кој подразбира нови браници, масивни спојлери, проширувања на штитниците за кал, прагови, систем на потпирање, LED светла, големи кочници, нов издувен систем и мотор поставен на задната страна.

Меѓутоа, Салим преку својата страница на Facebook соопшти одлични вести за ентузијастите и љубителите на втората генерација на Volkswagen Golf. Неговиот замислен проект ќе стане реалност. Дизајнерот преку социјалните мрежи потврди дека лудата преработка од неговиот екран на компјутерот ќе се пресели на патиштата со помош на тјунерите JP Performance и Prior Design.

„Разговарав со JP кратко откако ги објавив првите рендери, постои интерес сето ова да се оствари. Навистина не можам да се сетам на некој подобар кој би можел да го направи ова со оглед на претходните проекти. Тоа ќе биде автомобил со мотор сместен на задната страна“, објави Салим.

Volkswagen Golf 2, особено на овие простори, претставува повеќе од икона на автомобилизмот и локална мобилност и ден денеска, а GTI верзијата има посебно место во срцата на многу фанови. Без дилеми, кога овој проект ќе биде завршен сигурно ќе биде еден од најлудите VW Golf 2 GTI некогаш. За жал повеќе податоци и информации за проектот засега нема, но се очекуваат наскоро.

Поврзани вести

Back to top button