Кадис прослави 30 години постоење
Една од најстарите фирми поврзани со автомобилската индустрија во нашата земја, компанијата Кадис, прослави 30-годишен јубилеј
Кадис претставува една од најстарите и најуспешните компании во Македонија кои од своите почетоци е поврзана со автомобилската индустрија нашата земја, поточно со сервисирање и продажба на автомобили, а семејната фирма успеа да прослави и 30 години постоење, години исполнети со секакви предизвици.
Од семејството Каленикови, кое стои зад компанијата Кадис, испратија порака до јавноста по повод одбележувањето на 30-годишниот јубилеј.
„Како една од првите приватни фирми во Македонија основана од семејството Каленикови, ТД Кадис денес одбележува 30 години успешна работа во бизнисот со продажба и сервисирање на автомобили. Горди на постигнатите успеси, општествено одговорни и хуманитарно посветени продолжуваме и понатаму по истиот пат со надеж дека наскоро ќе имаме можност и да наздравиме заедно за значајниот јубилеј. Останете безбедни и грижете се за вашето здравје“, стои во пораката.
Од редакцијата на Авто Плус им го честитаме големиот јубилеј со желба за уште многу други успеси во иднина и уште многу нови јубилеи.