Како багажникот покрена револуција во историјата на Renault
Од транспорт на сено до торби за голф, како поклопецот од багажникот успеа да распали искра на револуција во Renault
„Направете ми автомобил со голем багажник!“, биле зборовите кои Пјер Драјфус, директорот на Renault од 1955 до 1975, кои ги упатил до дизајнерските тимови задолжени за Renault 4. На тоа необично возило му било судено да влезе во историјата благодарение на карактеристиката која денес можеби делува безначајно, а која во тое време кога била претставена предизвикала вистинска мала револуција – поклопец за багажникот. Со вкупно пет врати и рамен под, Renault 4 бил лимузина, караван и комерцијално возило во едно. Поклопец за багажникот во тоа време се вградувал со цел да се олесни товарењето на сено во Renault 4, додека на луѓето денес им служи за поставување патнички торби и куфери во нивниот Megane Conquest. Угес, главниот директор на Renault Classic, се осврна на револуцијата на компактот која ја покрена Renault.
Renault 4 е претставен во 1961 година, во време кога Французите почнале да мигрираат од селата во градовите. Меѓутоа, мрежата за јавен превоз не можела да ги задоволи сите потреби на жителите на периферијата од градовите. Така се појавила желбата за возило кое е подеднакво примерно и за село и за град, за одење во купување и возење до работа. Во тоа време и се поголем број на жени се вработувале, а куповната моќ на домаќинствата почнала да расте. Автомобилот кој набрзо ќе се прослави под називот „четворка“ во тие околности се покажал како совршен, секогаш достапно решение за градските и селските патници – и тоа благодарение на скромниот поклопец на багажникот.
Врата до слободата
Поради петтата врата, Renault 4 набрзо прераснал во социјален феномен. Пјер Драјфус, главниот и одговорен за овој проект и директор на Renault им објаснил на своите тимови дека сака голем товарен простор во овој автомобил, кој им прилега на сите луѓе, независно од староста и класната припадност. Со огле на тоа дека во текот на 30 години Renault 4 е продаден во повеќе од осум милиони примероци во повеќе од сто земји, може да се заклучи дека неговата желба се исполнила.
„Поклопецот од багажникот на ‘четворката’ наиде на добар одек и му даде ветер во грбот на новиот модел. Овој чудесен изум како резултат имаше автомобил кој истовремено е лимузина, караван и комерцијално возило“, додава Угес.
Поклопецот од багажникот овозможил едноставно товарење на предметите во Renault 4, зависно од животниот стил на купувачот. Потоа, петтата врата овозможи поголема модуларност на внатрешноста, па инженерите и дизајнерите на Renault имале шанса да го создадат првото во низата „возила за животот“.
„Поклопецот од багажникот ги охрабри инженерите да излезат од рамките кои ги налага традиционалната структура на возилото – ‘поклопец за моторот – патнички простор – багажник’. Петтата врата даде поголема слобода во поглед на дизајнот“, објаснува Угес. Поклопецот од багажникот бил поттик за создавање на нов вид на автомобили како што се моноволумените и SUV моделите.
Елемент применлив на целокупната понуда
Поклопецот од багажникот се покажал како пресуден за успехот на Renault 4, па брендот се одлучи да го вгради и во своите традиционални модели – семејните лимузини со класични багажници. Претставен во 1965 година, Renault 16 беше предводник на дотогаш невидена револуција која ги навести идните компакти од повисока класа. Ако се погледне малку подобро, Renault 16 всушност бил поголема верзија на Renault 4 – двата модели беа компакти со пет врати и исклучително прилагодлива задна клупа.
„По Renault 16 сфативме дека ништо не не срепчува поклопецот од багажникот сериски да го вградуваме во семејните возила и моделите од повисока класа“, истакна Угес.
Всушност, било која верзија била прикладна за вградување на поклопец за багажникот, од лимузина, преку купе, се до градски автомобил. Renault започнал развој на низа компактни модели, како што се R20, R30, Fuego, R25 и R11. Компактите се најдоа во центарот на вниманието кога браќата Мару во Renault 20 го освоија релито Париз-Дакар во 1982 година.
Како создаден за Megane Conquest
Megane Conquest е најважниот модел од компактната понуда на Rеnault. „Поклопецот од багажникот совршено прилега на ова возило кое е совршен спој на SUV и лимузина. Совршена платформа за дизајнерите бидејќи им овозможува да создадат елегантен дизајн кој на купувачите им нуди толку посакувана практичност. Внатрешноста на Megane Conquest се одликува со простран и пристапен распоред со повеќе товарен простор од самиот багажник“, истакна Угес.