fbpx

Како жените избираат автомобил?

Германскиот автомобилски труст Automobil Treuhand GmbH (DAT) ги објави резултатите од истражувањето за разликите меѓу пристапот на претставниците на машкиот и женскиот пол при купување на автомобил

Истражувањето во кое учествувале 4.000 луѓе од двата пола, потврдува дека се надминати некои стереотипи и покажува дека дамите се доста попрагматични, отколку што мажите имаат тенденција тоа да го признаат. Според истражувањето на DAT: жените трошат помалку пари на автомобил отколку мажите; марката не е важна – во преден план е посебен автомобил; дамите посветуваат поголемо внимание на техничките прашања отколку што мислат мажите; жените донесуваат побрза одлука при изборот, а мажот зазема конечна одлука за купување по просечно 37 дена.

жените

-Денешните жени разбираат многу повеќе околу автомобилите, но се однесуваат на некои специфичен начин во однос на мажите, кога ќе се најдат во автосалон, коментира Дијана Јофе – еден од експертите, кои го спровеле истражувањето. -Доста често дамата веќе однапред ги знае техничките карактеристики на моделот, студиозно ги проучила особеностите и е подготвена за купување, а разговорот со продавачот има за цел да се добие одобрение за веќе направениот избор.

Со цел да се консолидира нивната одлука, жените бараат да воспостават пријателски, па дури и поблизок однос со трговецот. Тие кажуваат лични приказни и чекаат професионални совети. Во овој момент, техничките параметри на автомобилот веќе не се важни. Ако продавачот успее да ја добие довербата на дамата, таа не само што ќе купи автомобил од него, ќе им раскаже на пријателките за него.

За жал, многу трговци не го разбраат овој пристап при изборот на возило и мислат дека жените само бараат со кого да разговараат, заклучува DAT. Студијата потврдува дека веќе одамна минала фарсата дека мажот ја донесува жената да избере само боја на автомобилот, во денешни услови во многу случаи ситуацијата е обратна!

Поврзани вести

Back to top button