ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Калифорнија дозволи да се сообраќаат автомобили без возач

Американската држава Калифорнија ја усвои првата во светот законска регулатива со која се дозволува движење на автономни автомобили, без возач зад управувачот

Промените се објавени од Министерството за моторни возила (ДМД) на задоволство на лобистите од Силиконската долина.

Соопштението предизвика лути реакции на невладини организации кои прогнозираа дека со ова патиштата на државата ќе станат „потенцијална смртоносна видео игра”. Тие сметаат дека треба да останат на сила законските регулативи што важеа досега, со кои „мора да има човек зад управувачот за да го преземе управувањето во критична ситуација. Некои други американски држави (Аризона, Мичиген и Невада) дозволуваат автомобили без возач, но само за испитувања.

„Ова е навистина голем чекор за возилата со автономно управување”, коментира Жан Шиомото, директор на калифорнискиот ДМД.

без возачНовите правила се разгледуваа повеќе од три години со помош на лобистите на големи компании од автомобилскиот сектор и Силиконската долина. Анализата на беспилотни автомобили во државата одржуваат Alphabet (компанијата-мајка на Google), Apple, General Motors, Ford, Toyota, Uber и уште околу 50 други фирми.

Ако овие компании успеат да докажат пред ДМД дека автомобилите им се заштитени од хакерски напади, по неколку недели жителите на државата ќе можат да се возат во автомобили без возач. Дозволите ќе бидат издадени на почетокот на април. Лобистите притискаат за ваков закон и на национално ниво, но засега проектот е заглавен во Поткомитетот на Конгресот во Вашингтон.

без возач

Waymo, единицата за беспилотни возила на Google, ја поздрави промената. Засега таа не дозволува целосно неконтролирано движење – оние автомобили, во кои нема возач, ќе треба да бидат следени од далечина од човек-оператор. Од ДМД сакаат исто производителите да им достават план како ќе се однесуваат автомобилите, ако бидат запрени од полицијата.

Во беспилотни автомобили нужно мора да има и „црна кутија” како во авионите, која може да снима и да може да репродуцира настаните 30 секунди пред инцидент. Според професорот Брајан Смит од Универзитетот на Јужна Калифорнија, кој е специјалист за автономно управување, во блиска иднина се очекува слични закони да прифатат и други држави – некои дури и со помалку ограничувања од Калифорнискиот.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close