ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Karma и Pininfarina со заеднички проект

Американскиот производител на луксузни електрични автомобили Karma Automotive ги откри првите детали за соработката со легендарното италијанско дизајн студио Pininfarina

Karma Automotive ја сподели првата слика на новиот концепт автомобил кој ќе се претстави за време на меѓународниот саем во Шангај оваа година.

Без да навлегуваат во детали за својот нов концепт, од Karma Automotive соопштија дека на саемот Auto Shanghai 2019 (16-25 април), на штандот на марката ќе бидат претставени исто така и новата генерација на електричниот Revero и целосно новиот електричен концепт Karma Vision.

„Karma го дели духот на Pininfarina преку заедничката посветеност кон импресивниот дизајн, ние сме возбудени за реакцијата, која ја очекуваме од крајниот производ на нашето партнорство“, изјави Ленс Жу, извршен директор на Karma Automotive.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close