Kia го освежи Stonic со благ хибриден погон и нови технологии

Корејскиот производител Kia го освежи својот адут во B-SUV сегментот во Европа, моделот Stonic кој пристигнува со благ хибриден погон и нови технологии

Kia Stonic бележи одлични продажни резултати во Европа, со 150.000 продадени единици откако започна неговото производство во 2017 година. Сепак, и покрај тоа, корејскиот производител не остава ништо на случајот и одлучи да го унапреди малиот кросовер за 2021 моделската година.

Иако не станува збор за класичен фејслифт, туку за освежување во средина на „живиотниот циклус“ Kia воведе неколку новини во својот кросовер адут Stonic за европскиот пазар. Освежувањето на малиот кросовер најмногу се однесува на воведувањето на новиот благ 48-волтен хибриден погон, како и новата clutch-by-wire трансмисија. Хибридниот систем го комбинира 1,0-литарскиот T-GDi турбо бензински мотор со 48-волтен систем и е достапен со две нивоа на моќности – 100 и 120 КС. Остатокот од бензинските мотори исто така е унапреден.

Kia Stonic

И додека надворешноста останува непроменета, со исклучок на неколкуте нови бои за персонализација, корејскиот производител одлучи да донесе неколку новини и во внатрешноста на возилото. Тоа се однесува на ноивиот 8-инчен екран чувствителен на допир задолжен за контрола на инфозабавниот систем, како и новите комбинации на бои за ентериерот. Stonic сто така добива и Bluetooth мулти-конекција, Apple CarPlay и Android Auto.

Kia во Stonic воведува и неколку високо-технолошки напредни системи за асистенција на возачот, како што се системот за одбегнување на преден судир и системот за одржување на коловозната лента, кои сега се дел од стандардната опрема на кросоверот. Исто така, тука е и гласовната контрола, а возачите ќе можат да ги пренесуваат своите возачки преференци преку User Profile Transfer опцијата. Како опција се нуди и 4,2-инчниот дигитален инструмент кластер.

Kia Stonic

Корејскиот производител ќе започне да ги прима нарачките за освежениот Stonic во Европа од третиот квартал од годината, а продажбата се очекува во последниот квартал од 2020 година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close