Новиот предводник на KIA
KIA Motors објави прва фотка на новата генерација на луксузниот предводник K900, кој ќе биде претставен официјално подоцна оваа година
![KIA](https://avtoplus.mk/wp-content/uploads/2018/02/Kia-1600-1-1-780x405.jpg)
Во моментов од KIA нема детали за новата генерација на луксузниот седан, туку коментираат само тоа дека тој ќе комбинира софистициран надворешен дизајн, со пространа кабина и неоптоварено однесување на патот, исполнето со луксузни материјали и елегантен стил.
Новата KIA K900 која е заеднички развој на дизајнерите на брендот од Кореја и САД, ќе биде опремена со нови технологии за подобрување на безбедноста и комфорот, ќе се произведува во Кореја и ќе биде лансирана на само неколку пазари во глобалната економија во втората четвртина на оваа година. Во желбите е и Европа?!