fbpx

Kia Motors Macedonia со нов продажен салон во Струмица

Kia Motors Macedonia продолжи да ја шири својата продажна мрежа во Македонија, а овој пат на ред беше нов продажен салон во Струмица

На околу 400 метри квадратни, компанијата ќе ја доближи марката на источниот дел на државата. По отворениот салон во Штип, ова е втор изложбен салон, кој е во сопственост на Kia Motors Macedonia, односно не е од дилерската мрежа. Суштината на отворање на сопствени продажни места е да се понуди најдоброто на клиентите низ целата држава. По продажниот дел, ќе следи и сервисен дел, кој исто така ќе биде опремен по стандардите на брендот.

„Ова е важен регион за нас. Со новиот салон веруваме ќе придонесеме за подобро претставување на Kia во Македонија и да се потврдат овие 15 години опстојување на нашиот пазар. Развивањето на продажно-сервисната мрежа почна пред една година. Планираме уште во два града да отвориме свои салони. Овој салон се наоѓа во рамки на еден поголем простор што е сопственост на компанијата и во иднина тука ќе има и други дејности, вели Владимир Билбилов директорот на Киа Моторс Македонија. „Плановите ни се во иднина повеќе да работиме преку дилерска мрежа, а истата во иднина да ја зголемува продажбата на нови автомобили“ додаде тој.

Kia Motors Macedonia

Продажната мрежа на Kia ја сочинуваат дилерите во Охрид и Неготино, како и Штип и Струмица. Од компанијата ветуваат дека во сите салони ќе имаат тест возила, со цел клиентите од секој град одделно да може да се уверат во квалитетите кои ги нуди брендот.

Поврзани вести

Back to top button