fbpx

KIA го покажа новиот Quoris

Во Јужна Кореја беше покажана новата генерација на KIA K9. Во другите земји ширум светот, предводникот на KIA Motors се лансира под името KIA K900 и KIA Quoris

Светската премиера на луксузниот автомобил ќе се одржи на крајот од март на Салонот за автомобили во Њујорк. Карактеристика на седанот е помасивна решетка, направена во стил на корпоративниот концепт „носот на тигарот”, која се состои од 176 поединечни елементи. Сега Quoris го красат новодизајнирани задни светла, а издувните цевки добија хромирани рабови. Според прелиминарните податоци, автомобилот е изграден на Genesis G90 платформата, но не постои формална потврда за оваа информација.

Quoris

Во ентериерот има комплетно нова дигитална инструмент-табла, како и голем екран од 12,3 инчи на допир за мултимедијалниот систем. За внатрешноста се користат кожа, дрво и метал. Предводникот е исто така опремен со „паметен” LED систем за осветлување со 64 нијанси кои реагираат на гестови.
KIA Quoris ќе биде достапен со сегашниот 5.0-литарски V8 мотор, како и 3.8 V6. Покрај тоа, ќе биде вградуван и 3.3-литарски V6 со две турбини, што е преземан од спортскиот Stinger. Можностите на моторот сè уште не се објавени, само се знае дека сите тие се комбинираат со 8-степен автоматски менувач.

Новиот KIA Quoris ќе биде достапен со заден и 4×4 погон.

Quoris

Поврзани вести

Back to top button