Kia го лансира Proceed Shooting Brake во октомври?
По премиерата на новата генерација на Kia Ceed, во хечбек и караван, во текот на годинава, фановите на корејскиот производител треба да очекуваат уште еден модел
Станува збор за сериската изведба на Proceed Shooting Brake, која ќе блесне на салонот во Париз, а надградена е врз концептот кој блесна во Франкфурт минатата година. Машината се очекува да биде и спортска и практична – тоа во пракса значи дека под хаубата ќе најдат помоќни мотори, а обликот на каросеријата се очекува да биде поблизу до оној на традиционалните караван изведби.