fbpx

Kia го лансира Proceed Shooting Brake во октомври?

По премиерата на новата генерација на Kia Ceed, во хечбек и караван, во текот на годинава, фановите на корејскиот производител треба да очекуваат уште еден модел

Станува збор за сериската изведба на Proceed Shooting Brake, која ќе блесне на салонот во Париз, а надградена е врз концептот кој блесна во Франкфурт минатата година. Машината се очекува да биде и спортска и практична – тоа во пракса значи дека под хаубата ќе најдат помоќни мотори, а обликот на каросеријата се очекува да биде поблизу до оној на традиционалните караван изведби.

Следната година, се очекува спортска верзија на Ceed, најверојатно со GT индекс. Во тоа време исто така треба да видиме мал кросовер базиран на моделот.

Proceed Shooting Brake

Proceed Shooting Brake

Поврзани вести

Back to top button