fbpx

Kia Sportage Navi edition: Атрактивно, забавно, елегантно… и мошне достапно!

Интересна понуда од страна на Киа Моторс Македонија за ова лето, кросоверот Sportage со многу технолошки новини, подобрена навигација, аудио систем и модифицирана внатрешност

Интересна понуда од страна на Киа Моторс Македонија за ова лето, кросоверот Sportage со многу технолошки новини, подобрена навигација, аудио систем и модифицирана внатрешност…

Па со мошне привлечниот дизајн, богатата опрема, солидна моторизација, гаранција од 7 години, односно 150.000 km и се разбира прифатлива цена. Едноставно, при изборот на нов автомобил од овој сегмент овој модел не може да се заобиколи.

За комплетното етаблирање на моделите на Kiа на пазарот, особено кај нас мошне важна улога играат SUV остварувањата. Несомнено во главна ролја е моделот Sportage, претставник од компактната класа, кој освојува на свој начин, пред сé поради фактот на растечкиот тренд на популарноста на кросоверите, но и одличниот однос на платено-добиено. Комплетната европеизација на корејското остварување кое се склопува во погоните во Жилина, само ги комплетира работите на свој начин, па оваа модернизирана трета генерација на кросоверот и натаму жнее одлични успеси. Што се однесува попрецизно до македонскиот пазар на оваа тема, во моментов хит понуда е Sportage со ниво на опременост Navi Edition. Конкретно таа се нуди со 1.6 литарскиот бензински агрегат и 135 KS за цена од само 17.550 и со турбодизелскиот 1.7 CRDi со 115 КЅ.

Во Киа Моторс Македонија навистина имаат визија кога го понудија вака спакуван овој модел на пазарот. Современите трендови, како и континенталните законски регулативи велат дека во блиска иднина ниту еден автомобил нема да биде без елементите кои се дел од ова ниво на опременост. На прво место секако го издвојуваме новиот инфотеимент систем. Навигацијата е со 3D елементи од последната генерација и мошне прегледна, на екран кој обединува многу системи и елементи, од кои ја издвојуваме камерата за возење наназад, чија дијагонала изнесува солидни 17,8 сантиметри. Самото ракување со добро „спакуваната“ со адреси, податоци, информации… навигација е едноставно и е мошне прецизно, па и на дестинациите низ Македонија. Пријатно не изненади фактот што беа обележени места за кои не сме верувале дека ќе ги сретнеме(банкомати, маркети, хотели…). Што се однесува до аудио системот, Infinity, (CD+MP3+USB+AUX) со 6 звучници и со активен subwoofer, се разбира со команди на управувачот за истиот. За комплетно уживање при управувањето во понудата на овој систем своја улога секако игра и одличната изолација, која е подобрена со изборот на нови материјали, посебно во внатрешноста. Тука секако би ги споменале и темпоматот, Bluetooth со audio streaming и патниот компјутер.

За дизајнот врвните експерти му доделија многу признанија, ремек дело на Питер Шрејер. Предниот дел го карактеризираат строги линии, со светла врежани во страниците на возилото, специфична маска која го карактеризира дизајнерскиот јазик на компанијата и го чини овој дел спортски и агресивен. Назад доминираат пак благите заоблени форми. Мора да се потенцираат оние хромирани делови околу маската, над и под знакот на компанијата, кои се слични со геометриските форми и на ветробранското предно стакло. Слична е дизајнерската поставеност и одзади. Особено ова доаѓа до израз кај моделот што го управувавме, бидејќи бела во комбинација со црната боја ги потенцира овие детали. Од страна доминира оној завршеток на стаклените површини и да не ги заборавиме оние штитници од пластика околу калниците, која полека минува и на праговите. Во Navi Edition во понуда се дневните LED светла, потоа и задните во иста технологија, магленките, помошно светло при вртење, затемнети стакла одзади (privacy glass), заден спојлер, модифицирани носачи на покривот и дизајнот на алуминиумските фелни- 225/60 R17.

Што се однесува до внатрешноста, изгледот и изработката на арматурната плоча оставаат и натаму силен впечаток. Понудата на простор во Sportage е повеќе од добра, посебно на задната клупа. Багажникот е сосема доволен, би рекле и натпросечен за сегментот. Од деталите кои треба да се издвојат секако е клима уредот, која е намерно заштитена од евентуална рефлексија на светлина на екранот, командите сите се на дофат и функционални. Од новините би ги додале управувач, кој сега може да се регулира по височина и длабочина и рачката од менувачот кои се обложени со кожа, ладењето во фиоката, како и електрика на прозори напред и назад со заштита.

Кога сме кај моторите, подвозјето, менувачите нема некои големи измени, но сепак кај некои од агрегатите се направени одредени модификации за да бидат потивки и поекономични. Тоа особено се однесува на помалиот 1.7 литарски CRDi, кој го имавме под хаубата на тестниот модел. Новите технолошки решенија и оние 115 „коњи“ се сосема доволни. Динамиката на возење и онака произлегува од количината на природата на вртежниот момент, кој изнесува 260 Nm, кај ова остварување распределени рамномерно. Менувачот прецизен и мошне лесен со шест брзини само го надополнува ефикасното работење на моторот. Потрошувачката ако „не претерувате“ може да се симне и до 6 литри на 100 километри. Дури и во град, не се троши преку 8 литри, па мораме да признаеме дека по прашање на економичноста Kia одработила врвна работа.

https://youtu.be/9TuQqa9ag8M

Во сериска опрема се ESP, TCS, VSM (Vehicle Stability Management), HAC (Hill Assist Control), DBC (Downhill Brake Control) и електронска распределба на силата на сопирање, а шестте воздушни перничиња и активните потпирачи се подразбираат. Новина е ТРМЅ (Tire Pressure Monitoring System) контрола на притисок во пневматиците и сигурносна брава на задни врати. Не треба ниту да споменуваме дека ова е според Euro NCAP еден од најсигурните автомобили, а како шлаг на тортата кога е во прашање Kia секако е моментот кој влева уште поголема сигурност кај оние кои го посакуваат или веќе го имаат 7-годишната гаранција, или 150.000 изминати километри.

Поврзани вести

Back to top button