fbpx

Викенд тарифа: Кими Раиконен во нова реклама за Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio

Alfa Romeo неодамна ги освежи своите модели Stelvio и Guilia во Quadrifoglio изданието за 2020 година, a во рекламата за кросоверот Stelvio се појавува Кими Раиконен

Поранешниот светски шампион во Formula 1 е заштитно лице и амбасадор на Alfa Romeo во Европа со оглед на неговиот актуелен ангажман во F1 тимот на Alfa Romeo Racing, а сега глуми во духовитата нова ТВ реклама на италијанскиот производител на автомобили во кои се појавуваат Stelvio Quadrifoglio и Dodge Viper. Возила со високи перформанси се соочуваат на импровизирана драг трка која не завршува онака како што би очекувале.

Рекламниот спот започнува со прикажување на кросоверот Stelvio Quadrifoglioi кој крстари со нормална брзина низ регионален пат. Спотот прикажува дел од промените како активниот систем за потпирање насочен кон перформансите и 8,8-инчниот инфозабавен екран. Потоа, се гледа како зад Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio се појавува црн спортски автомобил, а станува збор за Dodge Viper и покрај тоа што се тргнати неговите знакови од внатрешноста и хаубата…

Што се случува понатаму, погледнете во видеото кое е во прилог.

 

Поврзани вести

Back to top button