fbpx

Кинеската авто-индустрија – од копирање до глобален гигант

Копирањето на моделите на западните марки беше една од препознатливите карактеристики на кинеската автомобилска индустрија, но работите драстично се променија во последните години

Кинеската автомобилска индустрија не е многу стара, но во последните 20 години успеа да направи комплетен пресврт од копирање на останатите брендови, па се до тоа да стане индустриски лидер.

Во новото YouTube видео, прославениот автомобилски дизајнер Франк Стивенсон не води низ времепловот на кинеската автомобилска индустрија.

За да ја демонстрира кризата на идентитетот што ја имаше кинескиот пазар на автомобили во раните 2000-ти, Стивенсон се фокусира на неколку возила кои не само што гледаа кон западните марки за инспирација, туку во основа директно беа проследени преку нивните дизајни.

SCEO Shuanghuan, на пример, е речиси чиста копија на дизајнот на BMW X5 на Стивенсон, па дури и тој тешко ги разликува двете возила, забележувајќи дека единствените вистински работи кои ја „издаваат“ копијата се предните светла, решетката и задните светла.

Спротивно на она што може да мислите, кинеските потрошувачи не беа љубители на копирани дизајни, што всушност предизвика неколку производители да банкротираат поради недостаток на продажба. Купувачите бараа оригинален дизајн на автомобили, а таков добија дури откако брендот Chery го лансираше моделот A3 дизајниран од страна на култната дизајнерска куќа Pininfarina во 2008 година. Поради неговиот дизајн, автомобилот забележа одлични продажни резултати и претставуваше пресвртница во кинеската автомобилска индустрија.

Пресврт на секое поле

Во модерната ера, производителите како BYD можат да се разликуваат на пазарот нудејќи уникатни дизајни и со кохезивен дизајнерски јазик во нивната палета на модели. Други производители како Hongqi вработуваат во своите редови реномирани дизајнери од луксузниот автомобилски свет како жто се Жил Тејлор од Rolls-Royce и Валтер Де Силва од Volkswagen.

Но, кинеските возила не еволуираа само во стилот, туку и во инженерството. Пример за тоа е Nio EP9 кој во моментов е електричен автомобил со најбрз круг на Нирбургринг со време од 6 минути и 45,9 секунди.

Стивенсон го завршува своето видео велејќи дека е неверојатно да се сведочи еволуцијата на цела автомобилска индустрија, од копирање на дизајни од други брендови до станување сила со која треба да се смета на глобалната сцена.

 

Поврзани вести

Back to top button