fbpx

Кои се најдобро продаваните електромобили во светот годинава?

Пет од десетте најпродавани електрични автомобили во светот сосем очекувано се од Кина

По подолго време веќе не е лидер Нисановиот модел Leaf, туку тоа е BAIC EC180.

Како што велат во своите коментари, аналитичарите од британската компанија JATO Dynamics, која ја спроведе оваа студија за глобалниот пазар на електромобили, ваквиот распоред во табелата на најдобро продаваните електрични возила е поради фактот на се поголемата експанзија на продажба на овој вид автомобили на кинескиот пазар, каде на ова поле се поставени сериозни услови и стандарди.

најдобро продаваните

Затоа според оваа анализа за продажба во текот на првите девет месеци од 2017 година, компактниот кинески модел BAIC EC180 е прв, а во првите десет се уште четири кинески електрични автомобили. Најважен момент е што во Кина, купувачите се одлучуваат да купуваат локални производи, бидејќи увезените автомобили, вклучувајќи ги електрични автомобили, се предмет на високи акцизни давачки и даноци. Nissan Leaf, кој долго беше број еден продаван електричен автомобил на оваа листа е само втор, а Tesla Model S е на трето место.

Листата на 10-те најпродавани електромобили годинава:
1. BAIC EC180 – 37.900 возила
2. Nissan Leaf – 35.400
3. Tesla Model S – 33.200,
4. Geely Zhidou – 32.600,
5. Tesla Model X – 23.500,
6. Renault Zoe – 23.200,
7. BYD Surui – 21.700,
8. Geely Emgrand EV – 16.500,
9. Chevrolet Bolt ЕV – 16.000,
10. JAC IEV5 – 15.300

Поврзани вести

Back to top button