fbpx

Конфигурирајте го својот нов Volvo автомобил онлајн

Отсега, на официјалната веб страна на Volvo Cars Македонија, нова онлајн можност за сите заинтересирани за Volvo автомобил

На официјалната веб страна на Volvo Cars Македонија, отсега во функција е сосема нов, софистициран конфигуратор на Македонски јазик преку кој заинтересираните ќе можат онлајн да го конфигурираат својот нов Volvo автомобил.

Ваквиот тип на конфигуратор претставува една од најкорисните алатки при избор на нов автомобил бидејќи ги нуди апсолутно сите стандардни и дополнителни опции за секој модел и секој клиент може на многу лесен начин, сосема сам да го креира својот нов Volvo.

Volvo

Принципот на конфигурирање на нов автомобил според желбите и барањата на клиентите е навистина лесен. Првите чекори вклучуваат бирање на модел, пакет на опрема и боја. Потоа се преминува на останатите детали, како фелните, тапацирите, внатрешниот и надворешниот изглед.. Секако, тука е и големиот избор на пакети на опционална опрема и дополнителни системи.

Како дел од конфигураторот се и деталните објаснувања и спецификации за секоја понудена опција, кои се од големо значење и помош при избирање. На крајот, клиентот добива 3D модел на креираниот автомобил и детална спецификација за сите ставки кои ги одбрал. Со ова, само еден клик го дели клиентот од барање за понуда со цена за одбраниот автомобил, како и барање за тест возење. Овие барања стигнуваат директно кај тимот за продажба на Volvo Cars Macedonia, кои одговараат веднаш и остваруваат контакт со клиентот за да закажат термин за тест возење.

Новиот конфигуратоr може да го погледнете на https://www.volvocars.com/mk/build.

Поврзани вести

Back to top button