НАСЛОВНАСАЕМИ

Лос Анџелес 2017: Блесок на новата CORVETTE ZR1 CONVERTIBLE

Речиси половина век по претставувањето на верзијата ZR1 во 1970 година

Речиси половина век по претставувањето на верзијата ZR1 во 1970 година, Chevrolet го демонстрира првиот нов кабриолет врз база на ова издание, чија премиера се одржува за време на овогодинешниот салон за автомобили во Лос Анџелес.

ZR1

Продажбата на новиот CORVETTE ZR1 CONVERTIBLE ќе започне на пролет следната година, базната цена е утврдена на 123.995 американски долари, а верзијата купе чини 119.995 долари. Новиот CORVETTE ZR1 располага со 6.2L V облик, осумцилиндерски мотор кој генерира максимална моќност од 755 коњски сили и вртежен момент од импресивни 969 Nm.

ZR1

Автомобилот доаѓа со две варијанти на аеродинамика, како Low Wing – оптимизиран за движење со високи брзини, а High Wing – ветува дополнителна потисна сила при движење на затворена патека. Вториот од варијантите е достапен во комбинација со карбонски предни елементи, Michelin Pilot Sport Cup 2 гуми, шасија со посебни поставувања и адаптивна Magnetic Ride Control суспензија со акцент на маневрирање во остри свиоци. За прв пат во историјата на ZR1, достапна е и верзија со автоматски осумстепен роботизиран, како прилог на шест-брзинскиот мануелен менувач.

ZR1

Со максимална брзина на движење од над 336 km/h, CORVETTE ZR1 2019 е најбрзата верзија со Chevrolet ознака, а дополнителна егзотика додава деби Sebring Orange Design пакетот со Sebring Orange Tintcoat надворешна боја, исполнети со портокалови сопирачки апарати и други елементи на надворешноста и внатрешноста.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close