fbpx

Лос Анџелес 2018: Ова е новата Mazda3 (Видео)

Новата Mazda3 ја одбележува светската премиера за време на меѓународниот саем во Лос Анџелес. Од компанијата се одлучија за оваа локација за деби на автомобилот неслучајно, бидејќи од почетокот на следната година токму од Северна Америка ќе стартува и глобалното пазарно лансирање на моделот.

Од Mazda коментираат дека новата Mazda3 претставува една збогатена интерпретација на филозофијата KODO на марката, која ја отелотворува суштината на јапонската естетика. Со новото семејство на седан и хечбек, се става и почетокот на појавата на цела генерација нови автомобили на марката кои ќе испорачуваат уште поголемо задоволство за време на возењето.

„Целосно новата Mazda3 која ја презентираме го означи почетокот на новата ера за Mazda“, коментира Акира Марумото, претседател и извршен директор на Mazda. „Следната генерација автомобили Mazda ќе го подобрат односот во понудата на квалитет во корисничкото искуство. Со помош на овие производи ние дополнително ќе ја подобриме оценката на брендот Mazda и ќе работиме кон остварување на целта за создавање на уште подобри односи со нашите клиенти низ целиот свет“.

mazda3

Со повеќе од 6 милиони реализирани примероци од своето деби во 2003 година, Mazda3 е модел од стратешко пазарно значење за брендот и неговата нова генерација ќе стапне на пазарот со последните достигнувања на компанијата во однос на погонските сисетми SKYACTIV-X, SKYACTIV-G и SKYACTIV –D.

 

Поврзани вести

Back to top button