fbpx

Лос Анџелес 2018: Премиера за новиот Honda Passport (Видео)

Honda го претстави целосно новиот SUV модел Passport за време на меѓународниот саем во Лос Анџелес и најави дека моделот ќе понуди одличен баланс меѓу применливоста на и надвор од стандардните патишта, како и можност за влечење на приколки.

Продажбата на Passport во Северна Америка ќе започне на почетокот на следната година, а моделот ќе биде позициониран меѓу актуелните CR-V и Pilot. SUV моделот ќе се нуди со стандарден 3.5литарски V-облик, шестцилиндричен i-VTEC мотор со максимална моќност од 280 коњски сили, кој е во комбинација со новата генерација на 9-брзински автоматски менувач.

Honda Passport располага исто така со интелигентен систем за контрола на прилепувањето на гумите со патот со режими за снег, песок и кал, технологија Honda Sensing за зголемување на безбедноста, 20-инчни алуминиумски тркала, индикатори за товарниот простор под подот на багажникот, богат сет на додатоци за прилагодување и функционалност и многу повеќе.

Поврзани вести

Back to top button