Викенд тарифа: Lambo дуел меѓу Aventador SVJ и Huracan Performante

Интересен Lamborghini дуел меѓу Aventador и Huracan кои и покрај своите години, тие се уште се едни од најдобрите суперавтомобили на светот

Lamborghini Aventador SVJ е феноменален примерок на суперавтомобил кој се напојува со атмосферски 6,5-литарски V12 мотор кој произведува 770 КС при 8.500 вртежи во минута. Максималниот вртежен момент е 720 Nm кој се постигнува при 6.750 вртежи во минута што е доволно за овој двосед од нула до „стотка“ да стигне за 2,8 секунди, а до 200 km/h за 8,6 секунди со максимална брзина од 350 километри на час.

Од друга страна, Huracan Performante се напојува со 5,2-литарскиот V10 мотор кој испорачува 640 КС и 600 Nm максимален вртежен момент, а двата автомобили поседуваат седумстепен автоматски менувач.

Поврзани вести

Back to top button