fbpx

Lamborghini ги хибридизира сите модели, првиот ЕВ доаѓа по 2025

Извршниот директор на Lamborghini, Стефан Винкелман, ги сподели плановите на компанијата за електрификација на секој модел до 2024 година

Lamborghini ја откри својата нова стратегија за електрификација на брендот. Според најавите на првиот човек на италијанскиот производител Стефан Винкелман, компанијата ќе го електрифицира секој свој модел до 2024 година, а првиот целосно електричен автомобил на Lamborghini ќе се најде на патиштата пред крајот на оваа деценија.

Планот, наречен Direzione Con Tauri, содржи постепено чекорење кон електрификацијата низ следната декада, со што првиот „мејнстрим“ хибриден модел на компанијата ќе се појави на патиштата до 2023 година. Покрај ова, до 2025 година Lamborghini се надева дека ќе ги намали своитe CO2 емисии за половина со воведување на хибридна моќност во комплетната постава на производителот.

Првата фаза од планот ќе се одржи во текот на 2021/22 и ќе се фокусира на моторите на внатрешно согорување, односно збогување со актуелната природно аспирирана, нехбридна форма. Lamborghini истакна дека ќе открие два нови V12 автомобили во текот на оваа година, а еден од нив се очекува да биде модел кој ќе му оддаде почест на легендарниот Countach, а вториот исто така ќе биде еден вид на комеморативен модел со што актуелниот V12 погон ќе се испрати во пензија со стил.

Најголема инвестиција во историјата на компанијата

Во 2023 година фокусот се насочува кон иднината. Во оваа година Lamborghini ќе го лансира својот прв хибриден сериски продукциски модел, и само вториот автомобил со електрична асистенција по ограничениот Sian. Новите хибриди се првите плодови од масивната 1,5 милијарди евра вредната инвестиција, најголемата во историјата на Lamborghini, распоредена во четири години.

Од Lamborghini не открија детали хибридот, но би можел да биде замена за Aventador, или пак за Urus plug-in хибридниот модел. Без оглед на тоа кој ќе биде прв, двата модели ќе се најдат во продажба до 2024 година, како и V8 хибридот наследник на Huracan.

Lamborghini

Сепак, највозбудливиот дел од најавата на Lamborghini е потврдата дека работат на четврта моделска линија и тоа на електричен автомобил кој ќе биде претставен во втората половина на деценијата.

„Забрзувањето на развојот во вториот дел од деценијата ќе биде насочен кон целосно електричните автомобили, со визија на четврти модел во иднината. Уште еднаш, технолошката иновација во оваа фаза ќе биде ориентирана кон осигурување на значителни перформанси и позиционирање на новиот производ во врвот на својот сегмент“, велат од Lamborghini.

Во ова соопштение не се откриени никакви подетални информации околу тоа кога ќе можеме да го видиме четвртиот автомобил или каква форма ќе добие. Меѓутоа, во видео најавата беше прикажан прекриен автомобил и од она што може да се забележи, најверојатно станува збор за GT модел.

Lamborghini

Перформансите се врвен приоритет

Со оглед на тоа дека Volkswagen сака да ги споделува ресурсите на ниво на групација и колку успешен Urus беше за Lamborghini, возможно е J1 платформата, темелот на Porsche Taycan и Audi e-Tron GT, да биде базата за новиот модел на италијанскиот производител.

Сепак, бидејќи електрификацијата е неизбежна со оглед на тоа дека Lamborghini сигурно сака да ги пресретне построгите емисиони рестрикции, пуристите не мораат да се грижат. Италијанската марка ветува дека перформансите се апсолутен приоритет во текот на новиот курс во додавањет на хибриди и целосно електричен модел во поставата.

Lamborghini

„Електрификацискиот план на Lamborghini е нов курс, неопходен во контекстот на радикално менување на светот, каде што ние сакаме да дадеме наш придонес со продолжување на намалувањето на импактот врз околината. Lamborghini отсекогаш бил синоним за прееминентна технолошка експертиза во правењето на мотори кои испорачуваат неверојатни перформанси. Оваа посветеност ќе продолжи како апсолутен приоритет за нашата иновациска траекторија“, истакна Винкелман.

Поврзани вести

Back to top button