fbpx

Lamborghini ги претстави еднократните Invencible и Autentica како последно збогум на V12

Со цел достојно да го испрати својот конвенционален V12 во пензија, Lamborghini подготви два еднократни модели наречени Invencible и Autentica

Иако се мислеше дека Ultimae ќе биде последното Lamborghini што ќе има чист V12, италијанската марка изненади со дуото Invencible и Autentica. Станува збор за купе и кабриолет модели кои служат како лебедова песна за дванаесетцилиндричниот мотор пред конечниот премин во хибридната ера. Двата модели се базирани на долготрајната платформа Aventador, која беше премиерно прикажана пред 12 години со оригиналниот LP 700-4.

Invencible и Autentica се мешавина од минатите модели со карактеристики за стилизирање добиени од неколку V12 машини, вклучувајќи го и Reventon. Тоа беше специјално издание во ограничена серија, базирано на Murcielago, но со надворешен изглед кој го најави Aventador. Lamborghini вели дека парот исто така го следи Veneno, кој беше веројатно најлудиот дериват на Aventador. Ако дизајнот на хаубата изгледа познато, тоа е затоа што е позајмен од Essenza SCV12, „ѕвер“ наменет за тркачката патека со 6,5-литарски агрегат со 818 КС.

Lamborghini Invencible и Autentica

Лебедовата песна на Lamborghini за конвенционалниот V12 му оддава почит на Sesto Elemento базиран на Gallardo со неговиот фокус на леснотијата и нагласеното задно крило. Еднократните купе и родстер имаат каросерија изработена целосно од карбон со традиционалната шестоаголна тема на компанијата. Invencible е завршен во Rosso Efesto, додека Autenteica добива надворешност на Grigio Titans. Внатре, минималистичката контролна табла го елиминира инфозабавниот систем и има 3D-печатени отвори за воздух.

Најмоќниот V12 на Lamborghini

Уникатните автомобили ја користат најмоќната конфигурација на преподобниот V12 што некогаш бил поставен во патен автомобил од Lamborghini. Како и кај Ultimae, централно поставениот атмосферски мотор произведува 769 КС и 720 Nm вртежен момент доставен до системот со погон на сите тркала преку седумстепен ISR менувач. Деталите за перформансите не се откриени.

Lamborghini Invencible и Autentica

Lamborghini не открива ни колку ќе чинат уникатните автомобили. Ако се суди според тоа дека Ultimae чини и до 500.000 евра и беше ограничен на 350 купеа и 250 роудстери, во овој случај цената ќе биде многу поголема, бидејќи Invencible и Autentica се еднократни примероци, Sant’Agata Bolognese мора да постави огромна премија за таа ексклузивност.

Ова навистина е крајот на линијата за Aventador. Неговата очекувана замена треба да пристигне во првиот квартал на 2023 година со целосно нов V12 дел од plug-in хибридната погонска група. Марката ќе започне хибридна револуција бидејќи Urus ќе добие PHEV опција, а замената на Huracan исто така ќе биде делумно електрифицирана. Првиот електричен автомобил ќе следи во 2028 година, но главниот технички директор на Lamborghini, Рувен Мор, најави дека тоа нема да биде суперавтомобил бидејќи технологијата сè уште не е подготвена за апликација со високи перформанси.

Поврзани вести

Back to top button