fbpx

Lamborghini го покажа „тркачкиот“ Urus ST-X

Lamborghini објави дополнителни фотографии од Urus ST-X, кој ќе започне да се натпреварува следната година на Super Trofeo 2020 World Finals во Италија

За прв пат претставен во ноември минатата година како концепт, Urus ST-X доаѓа од Lamborghini Squadra Corse и лесно може да се разликува од редовниот патнички SUV модел. На пример, тука е каросериската шара која е во иста Verde Mantis шема на бои со Huracan, а има и спортски тркала.

Производителот исто така го опреми тркачкиот SUV и со FIA-одобрен челичен кафез, систем за придушување на пожар и FT3 резервоар за гориво. Голема работа била завршена и во поглед на тежината на автомобилот, кој сега тежи само 1.649 килограми, односно 25 проценти помалку од редовниот Urus.

Погонскиот агрегат е изведен од истиот 4,0 литарски дво-турбо V8 мотор, со 641 коњски сили и 850 Nm вртежен момент. Перформансните бројки сеуште се необјавени, но патничкиот модел до 100 km/h забрзува за 3,6 секунди и достигнува максимална брзина од 305 km/h.

Поврзани вести

Back to top button