Lamborghini го прекинува своето производство
Италијанскиот производител на луксузни суперавтомобили Lamborghini го прекинува производството, а причина секако е коронавирусот
Раководството на Volkswagen групацијата им нареди на сите свои членови – производители, моментално да започнат со спроведување на мерки за запирање на ширењето на новиот коронавирус. Со оглед на тоа дека Lamborghini е сместен во Италија која е најтешко погодена земја од коронавирусот, беше јасно дека единствено решение е запирање на производството.
Со овој потег, италијанскиот бренд ќе престане со склопување на нови автомобили во период од речиси две недели. „Оваа мерка е акт на социјална одговорност и висок сензибилитет кон луѓето во оваа единствена ситуација во која се наоѓаме“, изјави шефот на Lamborghini Стефано Доменикали. Тој додаде дека во компанијата внимателно ја следат ситуацијата и кога условите ќе го дозволат тоа, ќе продолжат со производство на автомобили.
Последиците од коронавирусот ќе бидат огромни оваа година за автомобилската иднустрија, а се чини и за самиот Lamborghini. Италијанската компанија најмногу возула продава во САД, потоа во Кина, а со оглед на тоа дека оваа земја е извор на коронавирусот, продажбата на возила е во огромен пад.
Не само што е забележана далеку помала побарувачка за нови автомобили, туку и ланецот за снабдување со суровини и компоненти е загрозен и веќе сега мошне бавен. Сето тоа ќе има големи последици на автомобилската индустрија, а останува да се види колку истите ќе бидат сериозни.