fbpx

Lamborghini го претстави Huracan Evo RWD Spyder

Италијанската компанија Lamborghini го претстави последниот член на семејството Huracan, моделот Huracan Evo Spyder со погон на задните тркала

Иако купувачите веќе имаат можност да изберат од три верзии на Lamborghini Huracan. Тоа се Evo купе верзијата со погон на сите четири тркала, Evo кабриолет моделот исто така со погон на сите четири тркала, како и Evo купе со погон на задните тркала. Сега тука е и четвртиот член на семејството. Lamborghini Huracan Evo Spyder со погон на задните тркала ја заокружува понудата и е подеднакво потентен како и претходните верзии.

Huracan Evo Spyder се напојува со 5,2-литарски V10 мотор кој доаѓа во комбинација со седумстепен автоматски менувач со двојна спојка, исто како и кабрио верзијата. Тоа е доволно за испорачување на 610 КС и 560 Nm максимален вртежен момент. Ова му овозможува на Huracan Evo Spyder спринтот од нула до „стотка“ да го достигне за само 3,5 секунди. Максималната брзина изнесува 324 километри на час. Во споредба со Huracan Evo купе верзијата, Spyder е нешто побавен. Имено, Evo купе моделот спринтот го достигнува за 3,3 секунди и има максимална брзина од 325 km/h.

Lamborghini Huracan Evo Spyder

Но, нешто „помалата“ брзина не прави голема разлика, особено кога покривот на автомобилот е спуштен. Lamborghini Huracan Evo Spyder има електронски управуван мек покрив кој се собира за само 17 секунди на брзина до 50 километри на час. Покривот исто така може да се нарача во различна боја, па заинтересираните купувачи ќе можат да го комбинираат со големиот избор на бои кои се нудат за Huracan Evo. Автомобилот е поставен на 19-инчни тркала кои пристигнуваат со Pirelli P Zero гуми. Купувачите ќе можат како опција да изберат 20-инчни фелни, како и карбонски кочници.

Lamborghini Huracan Evo Spyder

Употребата на лесни материјали како карбон и алуминиум во шасијата и конструкцијата на покривот го одржуваат Lamborghini Huracan Evo Spuder да биде лесен. Неговата тежина изнесува 1.509 килограми. Тоа е нешто потешко од купе веризијата која тежи 1.421 килограми. Во внатрешноста, Evo Spyder ги има истите материјали и изглед како и купе верзијата, а тоа вклучува 8,4-инчен инфозабавен екран.

Lamborghini Huracan Evo Spyder

Lamborghini Huracan Evo Spyder чини нешто повеќе од 200.000 евра, а испораките се очекуваат во текот на ова лето.

Поврзани вести

Back to top button