Lamborghini го враќа Countach во 21 век
Италијанската марка Lamborghini го враќа еден од своите култни модели Countach на големата сцена со модерен изглед и напредни перформанси
Еден од најпознатите и најлегендарните модели кои искочиле од фабриката на Lamborghini во Сант’Агата Болоњезе e Countach, сега ќе добие нов живот во согласност со трендовите на 21-виот век, потврди италијанската компанија.
Деталите засега се ограничени, но од Lamborghini го велат следново: „Ние ги остваруваме соништата. Го направивме тоа со класичниот Countach во 1970-тите години на минатиот век и ќе го направиме тоа повторно“.
We make dreams come true. We did it with the classic Countach in the 1970s. And we’re doing it again. The new Lamborghini Countach is coming. #Lamborghini #Countach pic.twitter.com/nXctgIuyqe
— Lamborghini (@Lamborghini) August 9, 2021
Пораката која ја испрати италијанската марка беше проследена со тизер видео кое го нагласува наследството кое култниот Countach го носи со себе и овозможи неколку кратки погледи кон новиот модел. Производителот објави и тизер фотографија на која е прикажан автомобилот сокриен под темен чаршаф.
За жал, ниту еден од тизерите не откриваат премногу кога станува збор за изгледот на модерниот Countach, туку едноставно сугерираат дека автомобилот ќе добие препознатлив дизајн како својот претходни. Сепак, јасно е дека модерната изведба на легендарниот модел ќе биде многу поаеродинамична со оглед на тоа дека оваа изведба се чини дека добива рационализирани површини.
View this post on Instagram
И додека Lamborghini ги чува деталите во тајност, производителот објави дополнителни тизери преку нивната ексклузивна Unica App апликација. Еден од овие тизери откри дека автомобилот ќе биде наречен Countach LP 800-4 и ова наведува на тоа дека моделот ќе има погон на сите четири тркала и моќност од 800 КС.
Според информациите кои ги пренесува Supercar Blog, моделот ќе биде базиран на Sian FKP 37 и ќе добие 6,5-литарски V12 мотор и благ хибриден систем. За среќа, нема да мораме да чекаме многу за да дознаеме повеќе, бидејќи новиот Lamborghini Countach би требало да биде претставен престојниве денови. Производството наводно ќе биде ограничено на 112 единици, а цената ќе стартува од околу 3 милиони евра.