Lamborghini Huracan против МиГ-29
Претставници на Воено-поморските сили на Индија организираа трка меѓу борбен Миг-29K и супер моделот Lamborghini Hurcan Performante
Натпреварот е дел од кампањата за промоција на поморската служба и се одржа на пистата на Меѓународниот аеродром Дахибул во Гоа. Супер изведбата со погон на четири тркала Lamborghini Huracan Performante е опремена со 5.2-литарски атмосферски V10 мотор, чија моќност е 640 КС и 600 Nm.
Единицата е комбинирана со 7-брзински роботски LDF менувач кој овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 2,9 секунди и макслимална брзина од 335 km/h. МиГ-29К, кој e развиен за полетување и слетување од авионски носачи, се потпира на реактивен турбински мотор RD-33MK Sea Oss со зголемен момент.
Максималната брзина која авионот може да ја постигне на земја изнесува од 1.400 km/h, а во воздух и до 2.200 km/h.
https://www.youtube.com/watch?v=7fxuos-oIxE