fbpx

Женева 2019: Lamborghini го претставува Huracan EVO Spyder

Lamborghini ги израдува своите фанови, а и сите обожаватели на супер спортските автомобили, со премиерата на Huracan EVO Spyder за време на меѓународниот саем во Женева минатата недела.

Со електричен мек кров, Lamborghini Huracan EVO Spyder е опремен со 5.2 литарски атмосферски V10 мотор кој е во состојба да генерира максимална моќност од 640 коњски сили и максимален вртежен момент од 600 Nm. Со тежина од 1542 килограми, моделот ќе понуди можност за забрзување од 0 до 100 km/h за 3,1 секунди, од 0 до 200 km/h за 9,3 секунди и максимална брзина на движење од 325 km/h.

Новиот отворен автомобил на Lamborghini ќе дебитира со базна цена од малку над 200.000 евра, а неговите први испораки на клиенти се очекува да бидат реализирани во текот на пролетта на оваа година.

Поврзани вести

Back to top button