fbpx

Lamborghini веќе работи на првиот седан во својата историја

Lamborghini почна со развој на нов модел со 4 врати, чија премиера ќе се одржи во 2021 година

Компанијата Lamborghini почна со развој на нов модел со 4 врати, чија премиера ќе се одржи во 2021 година, соопшти весникот Autocar, повикувајќи се на изјавата на директорот на италијанскиот производител, Федерико Фоскини:

-Треба да бидеме скромни, бидејќи пред се успех прво треба да оствари нашиот врвен нов модел – кросоверот Urus, кој е сеуште во фаза на пред-продукција, а потоа да зборуваме за идните планови. Нашата цел е удвојување на продажбата за до неколку години и ќе се бориме да го постигнеме тоа, коментира Фоскини, кој не крие дека во нивните лаборатории се работи под полна пареа.

Топ-менаџерот наведува дека тоа е дел само од стратегијата нна компанијата и факт е дека проектот се уште не добил „зелено светло“ од раководството на компанијата, иако тоа е желба на многумина, па и на фановите. Ако тоа се случи, тој ќе добие голем дел од дизајнерските решенија од концептниот модел Estoque, кој беше претставен во 2008 година. Тогаш во Lamborghini се откажаа од овој сериската верзија на автомобилот поради почетокот на светската економска криза.

Пред да се појави модел со 4 врати, компанијата ќе го претстави својот прв модел со хибридна погонска единица. Ова ќе се случи во 2019 или 2020 година, кога автомобилот ќе стане наследник на Aventador.

 1. Lamborghini | Lamborghini
 2. Lamborghini | Lamborghini
 3. Lamborghini | Lamborghini

    Поврзани вести

    Back to top button