Викенд тарифа: Lamborghini со тизер за новиот тркачки автомобил

Моторспорт дивизијата на Lamborghini, Squadra Corse, подготвува нов тркачки автомобил кој својата премиера треба да ја доживее во текот на престојното лето

Lamborghini Squadra Corse на својот YouTube канал објави кратко видео како тизер за новиот тркачки автомобил на италијанскиот производител. Од она што може да се забележи и покрај камуфлажата, автомобилот има голем заден спојлер од карбон, нова хауба, отвор за воздух на покривот, како и Pirelli губи и Brembo кочници. За напојувањето е задолжен 6,5-литарски V12 мотор, тука засилен на 830 КС, а доаѓа во комбинација со шестстепен Xtrac секвенцијален менувач. Серијата на овој автомобил ќе биде ограничена на само 40 примероци, а испораката ќе започне во 2021 година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close