Викенд тарифа: Lamborghini потера низ Италија со нови бои

Urus се покажа како огромен успех за Lamborghini, a неодамна доби освежување со неколку нови бои и лансирањето на Pearl Capsule Design Edition

Претставена во јуни, Pearl Capsule варијантата на Lamborghini Urus е достапна во Giallo Inti жолта, Arancio Borealis портокалова и Verde Mantis зелена боја и ги комплементира светлите бои со сјајно црниот покрив, задниот дифузер, спојлерот, 23-инчните високо сјајни црни тркала со акценти од бојата на каросеријата и мат зелените издувни цевки.

За да го прикаже својот SUV во целосно новите бои на Arancio Borealis и Verde Mantis, Lamborghini лансираше видео кое прикажува како два модели на Urus се тркаат низ град пред да се упатат „оф-роуд“. Наскоро им се приклучува и сив Urus.

Уживајте.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close