fbpx

Следниот Land Rover Defender можеби нема да им се допадне на фановите?

Ова го истакна, Гери Мекговерн, креативен директор на Land Rover, кој неодамна го најави претстојниот модел пред медиумите на прес конферецијата на салонот во Лос Анџелес

Според него, дизајнот на новиот Defender ќе биде модерен, отелотворувајки ги сите карактеристики на британскиот производител, што го прават препознатлив денес, но ќе има и премногу футуристички елементи, кои можеби нема да ги освојат во прв момент конзервативните и традиционални Британци?!

Ова, според зборовите на менаџерот, може да ги обесхрабри постарите фанови на Defender од купувањето на новиот модел, бидејки ќе продолжат да бараат ретро визија. Од друга страна, тој смета дека ќе се привлечат нови Land Rover клиенти, на кои ќе им се допадне овој концепт, едноставно ќе бидат привлечени од идниот добар теренец, потврди Мекговерн.
Defender
Меѓутоа, меѓу новиот модел, кој би требало да пристигне следната година и последниот Defender, ќе се зачува јасна „емоционална врска”, додава Мекговерн. Наследникот на Defender, мора да тргне во поголема продажна офанзива, а компанијата со право тоа го очекува и инвестираше многу во развојот на новиот модел, но и во погоните за негово производство.
Defender
Претходно, компанијата објави дека моделот кој ќе го наследи Defender ќе биде најтехнолошки подготвениот модел на Land Rover. Ќе биде изграден на алуминиумската платформа, која е многу блиска до шасијата на Range Rover, Range Rover Sport и Discovery.

Од Discovery ќе биде преземена независната суспензија со челични пружини, а ќе има многу други напредни технолошки решенија од истите остварувања. Новиот модел, исто така, ќе биде достапен во проширена верзија, а Land Rover ќе создаде варијанта на „тежок off-road претставник”, велат Британците. Наследникот на Defender ќе вклучува 4-цилиндерски дизел и бензински, како и V6 мотори.

Поврзани вести

Back to top button