Land Rover го претстави Defender V8

Land Rover има нов знаменосец во поставата на својот култен теренец Defender кој пристигнува со V8 мотор и кој се одликува со неколку специјални детали

Развојот на новиот Land Rover Defender V8 беше најавен пред неколку месеци, а новата верзија конечно пристигна. Култниот теренец во оваа варијанта под хаубата има 5,0-литарски V8 мотор кој испорачува 518 КС и 625 Nm максимален вртежен момент. Тоа е доволно за Defender 90 моделот од нула до „стотка“ да стигне за 5,2 секунди и да достигне максимална брзина од 240 километри на час. Defender V8 исто така ќе биде достапен и во 110 варијантата.

Defender V8

Во комбинација со овој моќен мотор пристигнува осумстепениот автоматски менувач кој ги придвижува сите четири тркала. Land Rover исто така ги „тјунираше“ и амортизерите на Defender V8, а притоа го опреми и со поголеми анти-рол барови. Електронскиот активен заден диференцијал кој вообичаено компанијата го нуди како опција, тука пристигнува како стандарден и исто така се карактеризира со Yaw Controller кој одлично ја подесува способноста на возилото во свиоците.

Terrain Response системот кај Land Rover Defender V8 исто така вклучува и динамична програма ексклузивна за ова возило, овозможувајќи му на возачот да го „експлоатира подинамичниот карактер и управувачкиот баланс“ на моделот. Британскиот производител вели дека овој режим нуди поостра реакција на гаста и специјално нагодување за континуирано променливата амортизација.

Defender V8

Од визуелна перспектива, V8 моделот може да се издвои во однос на другите модели благодарение на специјалните беџови, издувниот систем, 22-инчните тркала со Satin Dark Grey финиш и Xenon Blue боја на шапите од сопирачките. Само три бои се достапни за оваа верзија – Carpathian Grey, Yulong White и Santorini Black, а сите пристигнуваат со Narvik Black покрив.

Во кабината на Defender V8 се наоѓа специјалната Ebony Windsor кожа на седиштата и различни антилоп материјали и Robustec акценти. Управувачот со четири краци исто така има и елементи од Алкантара, а користи и пар сатенски хромирани лопатки за менување на брзините.

Поврзани вести

Back to top button