ВИДЕОНАСЛОВНА

Land Rover со лимитирана серија Defender Works V8

Land Rover ќе ја понуди специјалната лимитирана серија Defender Works V8, во која ќе бидат вклучени максимум 150 возила и со која компанијата ја одбележува својата 70-годишнина

Специјалниот Defender Works V8 е опремен со 5.0 литарски бензински V8 мотор, кој во комбинација со можноста за забрзување од 0 до 96 km/h за 5,6 секунди, го претвора во најмоќниот и најбрзиот предлог во историјата на моделот. Погонскиот агрегат на Defender Works V8 е во состојба да генерира максимална моќност од 405 коњски сили и вртежен момент од 515 Nm, а во комбинација со осумстепена роботизирана менувачка кутија на ZF, со спортски режим на работа е гаранција за непречено постигнување на електронски ограничената максимална брзина од 170 km/h.

Во опремата се вклучени исто така оптимизиран систем за сопирање и суспензија, единствени за серијата 18-инчни тркала, можност за избор меѓу осум екстериерни бои со контрасна Santorini Black на таванот, алуминиумски рачки на вратите и капаче на резервоарот, Windsor Leather ентериер и многу повеќе. Defender Works V8, во верзија 90 и 110, ќе се нуди од одделот Land Rover Classic, а цената стартува од 150.000 фунти.

Defender Works V8

Клучни зборови

Поврзани вести

Close