ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Land Rover објави специјални верзии на Discovery и Discovery Sport

Британската компанија Land Rover објави верзии со ограничено производство на Discovery и Discovery Sport

Ова е поради прославата по повод 70 годишнината од брендот. Land Rover Discovery 70 е заснован на HSE од моделската 2019 година. Автомобилот е опремен со шестцилиндричен трилитарски дизел мотор со 249 коњски сили. Discovery Sport 70 исто така се базира на верзијата HSE со дволитарски четирицилиндерски мотор со 150 КС.

Discovery Sport

Двете SUV изведби доаѓаат во две бои, сива метална Corris Grey и светло портокалова Namib Orange.

Посебните модификации може да се препознаат по плочката која ја покажува нивната припадност кон јубилејната верзија. Специјалните верзии се дополнети со затемнето задно стакло, адаптивни ксенонски светла со LED дневни светла и 20-инчни тркала со оригинален дизајн. Внатрешноста ја карактеризираат посебна ткаенина, камерата од 360 степени, аудио системот од 825 вати и зголемениот мултимедијален систем за навигација.

Discovery Sport

Клучни зборови

Поврзани вести

Close