fbpx

Лебарки роботи ќе се користат за развој на моторите на Rolls-Royce

На авиосалонот во Фарнбероу, во Велика Британија, научници од Харвард и Универзитетот во Нотингем претставија минијатурен робот наменет за оперативни испитувања на состојбата на авионските мотори на Rolls-Royce.

Електронските „ лебарки ” ќе го намалат времето за проверка на моторот од 5 часа на само 5 минути. Прототипи на минијатурните роботи, прикажани во Фарнбероу, се големи само неколку сантиметри.  Креаторите тврдат дека димензиите во иднина ќе бидат намалени и до 15-ина милиметри.

Од Rolls-Royce наведуваат дека тие исто така може да се користат за да се прегледаат автомобилски мотори.

Поврзани вести

Back to top button