fbpx

Легендарниот Занарди доживеа несреќа, состојбата е мошне сериозна

Некогашниот Formula 1 возач Алекс Занарди доживеа тешка несреќа за време на трка со трицикли во Италија

Италијанскиот возач Алекс Занарди доживеа несреќа во Тоскана, по што со хеликоптер беше одведен во болница и му беше извршен хируршки зафат на неговата глава. Според информациите, ситуацијата е мошне сериозна и операцијата е навистина деликатна.

Занарди имаше судир со камион за време на натпреварувањето во трка со трицикли, а хирурзите изведоа деликатна невролошка операција која траела три часа. Алекс Занарди сега е префрлен во болница и неговата состојба е мошне сериозна. Според извештајот на полицијата, тој погрешно ја проценил кривината при еден спуст и влетал во насока во која се движел голем камион. Возачот на возилото се обидел да го избегне судирот, но не успеал.

Занарди е поранешен возач во Formula 1 и во најбрзиот циркус на планетата се натпреваруваше од 1991 до 1994, за потоа да се појави и во 1999. Исто така возеше и во разни шампионати, меѓу кои и WTCC шампионатот од 2005 до 2009 година. Некогашниот возач во Formula 1 во 2001 година доживеа тешка несреќа во Германија, по што остана без двете нозе. Со оглед на тоа дека е тежок адреналински зависник и непоправлив љубител на трките, оттогаш тој се натпреварува во трка со трицикли, односно хендбајк и успеа дури во 12 наврати да стане шампион. Тој исто така успеа да освои и четири златни медали на Параолимписките игри.

Поврзани вести

Back to top button