LEGO партнер на Mondial de l’Automobile 2018
Организаторите на овогодинешното издание на меѓународниот автомобилски салон во Париз најавија дека за прв пат во историјата на оваа манифестација ќе соработуваат со LEGO
Во моментов организаторите на автомобилскиот форум не нудат детали за учество на LEGO на салонот и неговата улога, но потенцираат дека компанијата ќе ги демонстрира најимпресивните дела, како и бројни полноразмерни модели на автомобили. На автосалонот во Париз 2018, LEGO ќе учествува со свој штанд, кој ќе биде позициониран во Хала 1 на Paris Expo de Versailles од 4 до 14 октомври.