Limo-Jet, лимузина направена од авион оди на аукција

Во сојузната држава Индијана во јуни ќе се одржи аукција на која ќе се појави и лимузина направена од мал авион

Станува збор за навистина неверојатен проект базиран на авионот LearJet, а кој е модифициран и претворен во лимузина Limo-Jet со 8,1-литарски V8 мотор од General Motors. Внатрешноста на возилото е исклучително луксузна и изгледа како популарните автобуси за забава во Лас Вегас.

Алуминиумскиот труп на авионот мораше да биде дополнително зајакнат со челична шасија и структури кои ја зголемуваат безбедноста и овозможуваат лимузината да се носи со опасностите кои ги носат возењата на патиштата. Освен големиот V8 мотор, лимузината наречена Limo-Jet има и големи 28-инчни тркала.

Во оваа несекојдневна лимузина се влегува со помош на скали, односно исто како што се пристапува во ваков мал авион, пред возачот е поставена арматурна плоча позајмена од камионетите на GM, додека за патниците се наменети странично поставени седишта со безбедносни појаси. Во лимузината наводно има доволно место за 18 лица, а нејзината внатрешност е опремена со врвно осветлување и аудио систем. Исто така, на задниот дел се наоѓа и голем ТВ екран. Треба да се спомене и дека во куќиштата каде што беа моторите од авионот сега се наоѓаат звучници преку кои може да се испушта звук од млазен мотор.

Аукцијата ќе се одржи во Индијана во периодот меѓу 23 и 28 јуни, а заедно со авионот оди и приколка како и Chevrolet Silverado 2500HD од 2015 година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close