Пристигнува најбрзиот сериски модел на Lotus

Откако компанијата ја презеде новиот сопственик Geely, Британците го лансираат своето првенче 3-Eleven 430

Од серијата 3-Eleven 430 ќе се произведат само 20 единици.

Новите модели во гамата на британскиот производител на автомобили Lotus се очекуваат по 2020 година, односно тоа е дел од стратегијата и планот, обмислени и финансирани од новиот сопственик Geely. Дотогаш, Lotus ќе нуди специјални верзии и ограничени серии на најнови модели. Британците го прават тоа со завидна умешност.

3-Eleven

Прва „на репертоарот“ е лимитирана верзија на спидстерот 3-Eleven, кој ја добива ознаката 430. Ова е најбрзиот сериски модел во историјата на Lotus, кој има дозвола за движење по јавни патишта, а производната серија ќе е само 20 автомобили. Возилото е со 3,5-литарски 6-цилиндерски мотор со механички компресор кој има моќност од 436 КС и максимален вртежен момент од 440 Nm.

Преносот е механички со 6 брзини. Максималната брзина на 3-Eleven 430 е 290 km/h, а забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3,2 секунди, што е за 0,2 секунди подобро достигнување од „обичниот” 3-Eleven со моќност од 416 коњски сили. Покрај зголемувањето на моќноста, новиот автомобил има добиено и поагресивна аеродинамика – фиксно задно крило, сплитер, спојлер во долниот дел на предниот дел и дифузер.

3-Eleven

Освен тоа секој 430 ќе се нуди со самоблокирачки диференцијал Torsen, прилагодливи амортизери Ohlins, предна и задна баланс-штангла, кои можат да се подесуваат, систем за лаунч контрол со 6 режими на работа и тн. Цената на 430, кој може да се вози и во градски сообраќај е 102.000 фунти и најверојатно серијата ќе биде распродадена за неколку часови.

3-Eleven

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close