Lotus ја претстави Evora GT 410 за секојдневна употреба

Lotus за европскиот пазар подготви променета верзија на моделот Evora GT 410 која е наменета за секојдневна употреба

Evora GT 410 е дизајнирана со цел да ја унапреди удобноста на автомобилот за секојдневна употреба, но при тоа да не се загрозат неговите перформанси. Моделот го најде своето место покрај постоечкиот, поостриот модел GT 410 Sport, кој исто така доби одредени подобрувања.

Новиот GT 410 е интерно познат како „Phil’s spec“, бидејќи овој модел го посакуваше шефот на Lotus Фил Пофам откако ја испроба потивката и посуптилната Evora со спецификации за американскиот пазар.

Новиот модел чини 82.900 фунти, односно 98.020 евра, а во таа цена доаѓаат додатоци од стандардната опрема. Поседува клима-уред, Sparco спортски седишта, подобрени облоги на вратите, врата од багажникот со поголема стаклена површина и задна камера. Целиот пакет на купувачите ќе им заштеди околу 3.000 фунти, односно околу 3.550 евра. Продажбата на новиот модел е веќе започната.

Evora GT 410 доби Michelin Pilot Sport 4S гуми за сите услови, а подобрена е изолацијата, како и системот за потпирање.

„Автомобилот и понатаму е екстремно стабилен и брз, но е и потивок и „помек“ при преоѓањето преку нерамнини. Може да се каже дека автомобилот „дише“ подобро на предизвикувачките површини, а токму тоа ви е потребно ако ја возите Evora секојдневно“, изјави еден од шефовите на Lotus, Гаван Кершо.

Evora GT 410 ја напојува истиот 3,5-литарски V6 мотор со компресор како и GT 410 кој развива 410 КС. За забрзување од 0 до 100 километри на час потребни се нешто повеќе од четири секунди.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close