Lynk & Co го претставија својот четврти модел, 05
Со купе SUV силуета, кинескиот бренд Lynk & Co го претставија својот нов SUV модел, наречен 05
Моделот 05 претставува четврди модел на Lynk & Co, кој доаѓа со должина од 4.592 mm, 1.879 mm ширина и меѓуоскино растојание од 2.734 mm. Со ова, неговата големина може да се спореди со големината на Toyota RAV4 или Honda CR-V.
Она што го разликува овој модел од останатите SUV на пазарот, е токму неговиот стил, кој се одликува со купе-SUV силуета. Носи слично лице со другите модели на Lynk & Co со своите високо-поставени фарови, но, покрај неговата радикално различна силуета, се одликува и со поинтригирачки детали, како што се неговите сегментирани светла и достапните алуминиумски фелни во боја.
Внатрешноста е исто така значително различна од остатокот од опсегот Lynk & Co, со многу остри агли, засилување на контрастот и инфозабавен систем со екран на допир од 12,7 инчи.
Целосните технички детали сеуште не се објавени, но 05 ќе започне со 2,0 литарскиот турбо мотор со блага хибридна технологија и моќност од 250 коњски сили и 349 Nm вртежен момент. Погонската единица е поврзана со осумстепен автоматски менувач. Наредни на листата се двата 1,5 литарски трицилиндарски мотори, од кои едниот ќе биде со plug-in хибриден погон.
Сите модели на Lynk & Co ја користат CMA модуларната архитектура на која се основаат и Volvo XC40 и Polestar 2. Ова е поради фактот дека Lynk & Co, Volvo и Polestar се во сопственост на Geely.