Mahle има нов електромотор кој може бесконечно да работи на високи брзини
Mahle вели дека неговиот нов SCT електричен мотор е значително поиздржлив од кој било друг дизајн што се користи моментално
Иако електричните мотори нудат одредени предности во изведбата во однос на моменталниот вртежен момент, останува предизвик електричните возила да работат со високи перформанси во долги временски периоди. Меѓутоа, Mahle велат дека успеале да создадат дел од решението на овој проблем.
Компанијата го претстави својот нов SCT е-мотор кој „може да работи бесконечно со високи перформанси“, тврди добавувачот, поради новиот концепт за ладење. Mahle вели дека интегрираното ладење со масло го прави моторот способен да работи со големи брзини долги временски периоди, додека компактниот дизајн значи дека тој е сè уште лесен и, можеби уште поважно, ефтин.
Покрај тоа што има одлични карактеристики за ладење, моторот исто така е дизајниран да биде најефикасен во одреден опсег на вртежи во минута, што се случува да биде на 90 проценти од максималната моќност. Тоа, според Mahle, ќе го направи корисен за сите видови апликации со високo оптоварување, како што се автомобили за тркачките патеки или комерцијални возила кои совладуваат планински премини.
Издржлив и компактен погон за секој вид возила
„Изградбата на големи електрични мотори кои обезбедуваат краткорочни високи перформанси е лесно. Она што сè уште недостигаше на пазарот до сега беа издржливи, но компактни погони за електричните возила да бидат неограничени за секојдневна употреба“, рече Мартин Бергер, потпретседател за корпоративно истражување и напредно инженерство во Mahle. „Нашиот нов SCT е-мотор е решението за ова“.
Mahle се одлучи за ваков концепт на мотор поради неговиот компактен дизајн. На роторот, исто така, не му е потребнo огромно количество на струја, што го прави моторот ефикасен и без абење. Наместо тоа, неодимиумските магнети се користат за генерирање на магнетно поле во моторот. Добавувачот може да го направи моторот и без магнети, доколку цената и понудата на суровините не одговараат на неговите клиенти. Тој мотор исто така е без абење и ефикасен, но бара повеќе простор за склопување.
Електричниот мотор е дизајниран да биде исклучително скалабилен, а производителот вели дека може да се користи во се, од е-скутери до теренски и индустриски апликации. Mahle ќе го претстави SCT E-моторот на јавноста за прв пат на саемот IAA Transportation во Хановер во септември 2022 година.