Maserati GranTurismo Zeda
Maserati со единствен примерок наречен GranTurismo Zeda по повод крајот на 12-годишното производство на GranTurismo
На автомобилот уникатен е екстериерот во три бои, за кој се погрижи Centro Stile Maserati, со преден дел обоен во традиционалната Maserati Blue боја и завршува со лесен сатенски финиш. Ова треба да го потенцира фактот дека GranTurismo Zeda е мост што ги поврзува минатото, сегашноста и иднината на овој бренд.
GranTurismo од неговото лансирање во 2007 година, е произведен во повеќе од 40.000 примероци. Под хаубата на овој автомобил нема промени и е придвижуван од 4.7-литарски V8 мотор развиен од Ferrari кој испорачува 460 коњски сили.
Одлуката за тоа дали автомобилот ќе биде здржан во приватната колекција на компанијата или ќе оди во рацете на некој колекционер сеуште не е позната. Сепак овој автомобил ќе биде примерок кој означува почеток на нова ера за 105-годишниот италијански производител на автомобили.