Maserati Levante со 550 „коњи“!
Maserati представи на Фестивалот на брзината во Гудвуд најновата модификација на кросоверот Levante GTS
Новата верзија ќе биде ниво подолу од топ варијантата Levante Trofeo, која има 590 КС. Levante GTS за погон има 3.8-литарски 8-цилиндерски бензински мотор со две турбини со 550 коњски сили. Но, неговиот максимален вртежен момент е идентичен со оној на Trofeo, 730 Nm. Моторот работи со 8-степен автоматски менувач и 4×4 систем.
Levante GTS забрзува од 0 до 100 km/h за 4,2 секунди, што е само 0,3 секунди побавно од Trofeo.
И во максимална брзина разликата не е голема 292 km/h за GTS и 300 km/h кај Trofeo. Во надворешниот дизајн не постојат разлики помеѓу GTS и Trofeo, а единствената е кај помоќната верзија, посебни вдлабнатини на моторот на хаубата, потребни за подобро ладење.